ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика на приватност го уредува начинот на собирање и обработката на Вашите лични податоци од страна на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје кога ја посетувате веб страната www.quicksox.mk и/или користите услугата за on-line пxродажба, кои лични податоци се собираат, за која цел, начинот на кој се обработуваат, чуваат и штитат, рокот во кој тие се чуваат како и правата кои Вие како субјект на лични податоци ги имате.

При Вашата посета на веб страната www.quicksox.mk и/или користите услугата за on-line продажба, ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски обврски и овластувања.  

Со прифаќањето на Политиката на приватност ја давате Вашата лична согласност за собирање и обработка на Вашите лични податоци од страна на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје, под условите наведени подолу.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е:

  • Друштво за производство и трговија ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ експорт-импорт Илинден
  • Адреса: Н. ИЛИНДЕН УЛ. 19 б.б.  
  • Тел: 02/2782-265
  • email: info@quicksox.mk
  • WEB: www.quicksox.mk

  • ЕМБС: 4964390

  • ЕДБ: MK4030995197236

  • Шифра на дејност: 14.37 – Производство на плетени и хеклани чорапи 

Офицер за заштита на личните податоци: 

  • Лазаревска Сања
  • Телефон: +38970393341
  • Е-маил адреса: sanja@forlady.com.mk

Дефиниции:

  1. „Личен податок“е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
  2. „Обработка на личните податоци“е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
  3. „Субјект на лични податоци“ е физичко лице – корисник на услуги и производи на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје чии податоци се предмет на обработка од страна на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје.
  4. Овластено лице е лице вработено или ангажирано од ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје кое има авторизиран пристап до документите и до информатичко комуникациската опрема на кои се обработуваат лични податоци.
  5. „Офицер за заштита на лични податоци“ е лице овластено до ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје да ја следи усогласеноста на работењето на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје со прописите за заштита на личните податоци и со донесената документација за технички и организациски мерки. 

Лични податоци кои се собираат и начинот на кои се собираат:

  1. При посета на веб страната www.quicksox.mk

При посета на веб страната www.quicksox.mk и користење на услугите за on-line продажба, вообичаено собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите корисници ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување. Податоцитe се собираат по пат на колачиња (cookies) согласно Политиката за колачиња истакната на оваа страна.

  1. При користење на услугата за оn-line продажба

При користење на услугата за on-line продажба, од Ваша страна ќе бидат побарани да ги внесете следните податоци:

  • име и презиме
  • адреса, општина, поштенски број
  • телефонски број
  • адреса на е-пошта
  • податоци за картичка.

Целта на обработка на наведените податоци е комуникација со Вас од страна на вработените во ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје и курирската служба заради процесирање на Вашата нарачка, наплата на цената за продадените производи и навремена и точна испорака на истите до Вас.

Вашите податоци кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, се чуваат од страна на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје се до моментот на изминување на рокот во кој Вие како наш корисник имате право да го вратите купениот производ.

  1. При користење на услугата рефундирање на средства

При користење на услугата Рефундирање на средства, од Ваша страна ќе бидат побарани да ги внесете следните податоци:

  • име и презиме
  • податоци за Вашата трансакциска сметка / картичка доколку плаќањето е извршено со плаќање со картичка.

Целта на обработка на наведените податоци е комуникација со Вас од страна на вработените во ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје заради рефундирање на средствата за производите кои сте ги вратиле.

Вашите податоци кои се однесуваат на рефундација на средтсва, се чуваат од страна на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје се до завршување на процесот на рефундирање на средствата.

  1. При контактирање со вработените во ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје

При контактирање со вработените во ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје на пример преку преку социјалните мрежи на Facebook, Instagram, преку контакт е-маил на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје а во врска со Ваши прашања, барања и потреби можат да бидат побарани следните податоци:

  • име, презиме
  • телефонски број
  • адреса на е-пошта.

Целта на обработка на наведените податоци е комуникација со Вас од страна на вработените во ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје со цел да одговорат на Вашите поставени прашања и барања.

Вашите податоци се чуваат од страна на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје до моментот на повлекување на Вашата согласност.

Начин на собирање на личните податоци

Податоците при Вашата посета на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, на начин што Вие лично ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).

Начин на обработка на Вашите лични податоци

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.

Обработката на Вашите лични податоци ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје исто така применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна.

Веб страницата www.quicksox.mk не е наменета за лица под 14 години. ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ Скопје нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со услугите на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ, се извршуваат од страна на вработените во ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ не ги пренесува Вашите лични податоци надвор од Република Северна Македонија.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ. 

Права на субјектот на лични податоци

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ има обврска да одговори на барање на субјектот на личните податоци во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Доколку ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ еднаш одговорило на барање на субјектот, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање, ако во меѓувреме нема промени во личните податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Дадената согласност за обработка на личните податоци може да биде повлечена од Ваша страна на Субјектот во било кое време со испраќање на барање за повлекување на согласноста на sanja@forlady.com.mk или на Н. ИЛИНДЕН УЛ. 19 б.б. По приемот на барањето за отповикување на согласноста, Вашите лични податоци на Субјектот ќе бидат избришани.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Лазаревска Сања на следниов e-mail: sanja@forlady.com.mk

Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на лични пдоатоци

Ако сметате дека начинот на кој ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

ФОР ЛЕЈДИ Лазаревски Милован ДООЕЛ СКОПЈЕ го задржува правото во било кое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност, објавувајќи ја ажурираната верзија на веб страната на www.quicksox.mk при што истата ќе биде применлива и важечка од моментот на нејзиното објавување.